Tuesday, May 11, 2010

Бернардинец


Бернардинецот за прв пат се спомнуваат во 17 век. Бернатдинецот уште се спомнува под името Sveti Bernard. Овие кучиња потекнуваат од Шведска. Бернардинецот се користи зa потрага на луѓе кои се закопани под снежна покривка. Бернардинецот e познат по тоа што на вратот носи мало дрвено буренце во кое има течност која се користи при спасување на луѓе. Овие кучиња имаат кафеаво-бела боја, нивната тежина изнесува од 73 до 117 килограми, висината од 70 до 90 сантиметри.

Лабрадор


Лабрадорот e едно од неколкуте видови на Ретривер. Лабрадорот се се смета за нај популарна раса на кучиња во светот. Лабрадорот e многу способно куче и поради тоа се користи во полицијата како куче трагач, се користи како водич на луѓе кои имаат проблем со видот. Овие кучиња имаат бела, црна или кафеава боја. Тежината на овие кучиња изнесува од 35 до 40 килограми, а висината на рбетот од 50 дo 58 сантиметри.

Sunday, May 9, 2010

Алјаски Маламут


Маламутот e eдно од најстарите кучиња кое потекнува од волк. Името го добиле од племето (Mahlemut) кое потекнува од Алјаска. Маламутот e големо куче кое има беспрекорна сила и поради тоа се користи за влечење на санки. Кај овие кучиња нај застапена e црната и белата боја но може и кафеаве.Просечната тежина изнесува од 38 до 45 килограми, додека нивната висина на рбетот изнесува од 60 до 67 сантиметри.